Нови налепници за сите фискални каси

Bez autora
Feb 09 2011

Трговците ќе треба да си набават нови, унифицирани налепници со текстот „Задолжително побарај фискална сметка“ што ги подготви Управата за јавни приходи. Налепниците ќе треба да се постават во близина на наплатните места во дуќаните, каде што досега најчесто трговците сами лепеа обични бели листови со истиот текст. Цел на новата обврска, велат во УЈП, е да се унифицира натписот кој, според законот, задолжително мора да биде истакнат на видно место во секој дуќан. Од Управата информираат дека не постои определен рок до кога трговците мора да ги залепат налепниците во своите простории. Засега нема да се пишуваат казни. Трговците, пак, видно вознемирени од штурите информации за новата обврска се растрчаа да дознаат каде се купуваат налепниците и каде треба да бидат истакнати.

Нови налепници за сите фискални касиТрговците ќе треба да си набават нови, унифицирани налепници со текстот „Задолжително побарај фискална сметка“ што ги подготви Управата за јавни приходи.

Налепниците ќе треба да се постават во близина на наплатните места во дуќаните, каде што досега најчесто трговците сами лепеа обични бели листови со истиот текст. Цел на новата обврска, велат во УЈП, е да се унифицира натписот кој, според законот, задолжително мора да биде истакнат на видно место во секој дуќан. Од Управата информираат дека не постои определен рок до кога трговците мора да ги залепат налепниците во своите простории. Засега нема да се пишуваат казни.

Трговците, пак, видно вознемирени од штурите информации за новата обврска се растрчаа да дознаат каде се купуваат налепниците и каде треба да бидат истакнати. „Од луѓето во соседниот дуќан дознав дека треба да имаме нови налепници од УЈП, ама две недели не можам никаде да ги најдам. Никој не знае да ми објасни каква е оваа новина, па ми е страв дека ќе треба да платам казна ако ми дојде инспекција “, вели една сопственичка на фризерница во Скопје.

Новите налепници се изработени со соодветни димензии и одговараат да се залепат на фискалните каси или во нивна близина. На налепницата го има и специјалниот телефонски број на УЈП, 198, на кој купувачите ќе можат веднаш да ги алармираат даночниците доколку во некој дуќан не им биде издадена фискална сметка или забележат други неправилности. Управата има доволен број налепници и ќе ги дели бесплатно, а единствена обврска на трговците е да дојдат и да ги земат.

„Печатењето налепници е со намера да се унифицира предупредувањето дека фискална сметка мора да биде издадена по секоја купопродажба. Така е секаде во светот, па не е ништо невообичаено тоа да се применува и кај нас. Досега трговците самите го печатеа текстот на хартија, бидејќи имаа таква обврска, но, сепак, тоа не е најсоодветно решение“, објаснуваат од УЈП.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik